Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МФ: Голем интерес за новиот финансиски инструмент – зелената обврзница, на аукцијата побарувачка од 1,635 милијарди денари, запишани 600 милиони
Економија

МФ: Голем интерес за новиот финансиски инструмент – зелената обврзница, на аукцијата побарувачка од 1,635 милијарди денари, запишани 600 милиони

октомври 3, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Голем интерес пројавен на денешната аукција за најновиот финансиски инструмент на пазарот – зелената обврзница. На аукцијата за првата емисија имаше побарувачка за скоро три пати повеќе, односно беше доставена понуда во износ од 1,635 милијарди денари. На аукцијата беа запишани зелени обврзници во износ од 10 милиони евра.

„Интересот за овој нов финансиски инструмент што го воведовме на пазарот беше навистина голем. На аукцијата беше понуден износ од 1,635 милијарди денари, но како што најавивме, Министерството за финансии, запиша зелени обврзници во износ од 600,020 милиони денари. Интерес имаше од банки, финансиски институции, но и од физички лица. Тоа покажува дека на пазарот за капитал се потребни нови, креативни и иновативни инструменти кои ќе ја збогатат понудата и ќе овозможат на инвеститорите да го прошират своето финансиско портфолио“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Средствата обезбедени од издавањето на оваа прва емисија на зелена обврзница ќе бидат насочени во Фондот за енергетска ефикасност во рамки на Развојната банка од каде компаниите ќе може да добијат средства по поволни услови за своите зелени инвестиции.

Издадените зелени обврзница се со рок на доспевање од 2 години со каматна стапка од 4,75% годишно , односно ќе доспеат на 5 октомври 2025 година, а каматата ќе биде исплатена на 5 октомври 2024 година за првата година и на 5 октомври 2025 година за втората година, заедно со главнината.
Инаку, зелените обврзници се хартии од вредност што ќе се користат за инвестициски проекти за зелен развој. Тие се наменети за поттикнување и поддршка на проекти за унапредување и заштита на животната средина и за финансирање еколошки проекти. Целта е поттикнување и забрзување на инвестициската активност во земјата и забрзување на економскиот раст.

Зелената обврзница на пазарот на хартии од вредност доаѓа по успешното воведување на граѓанската обврзница, за која беше објавена првата емисија во текот на јули 2023 година и за која интересот беше два и пол пати поголем од објавениот износ на проспектот на обврзницата.
Средствата од двата инструмента се поддршка на развојната компоненета на Буџетот за 2023 година.
Овој инструмент, како и претходно воведената граѓанска обврзница, е нов производ на домашниот пазар и е предвиден со Стратегијата за развој на пазарот на хартии од вредност, Стратегијата за управување со јавниот долг и Планот за забрзан економски раст.

Согласно Стратегијата за развој на пазарот на капитал и Планот за забрзан економски раст покрај овие два инструмента, во наредниот период на пазарот ќе бидат понудени и проектни и развојни обврзници, коишто се насочени кон развојни проекти и проекти поврзани со инфраструктурата. Дополнително, по издавањето на зелената обврзница во текот на овој месец ќе биде издадена и втората граѓанска обврзница.

актуелно зелена инструмент обврзница финансиски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.