Сега, колку е тоа возможно кога се во прашање социјалните мрежи, има одредени казни за навредливи коментари кои ја преминуваат границата на добар вкус и почитување на соговорникот.
Објавите и коментарите од ваква врста беа бришени, а профилите на корисниците кои ги повторуваа ваквите дела се „затвораа“ од оваа социјална мрежа.
Корисниците на Твитер на кои им беше избришан профилот често се жалеа, барајќи притоа да им се даде „уште една шанса“.
Тие се свесни за грешките кои ги направиле, но се на мислење дека бришењето на нивниот профил е престрога мерка.
Дел од корисниците пријавиле дека профилите им се ограничени на 12 часа, а објавите кои биле идентификувани како навредливи биле избришани.
Брзо е откриено дека се работи за нова мерка која ја водедува Твитер за тие кои претеруваат. Кога и ако направите престап во правилата на однесување и објавите „потенцијално навредлива содржина“, ќе добиете привремена суспензија од 12 часа.
Во тој временски рок вашите објави ќе бидат видливи само за вашите следбеници, а после истекот на овој период профилот ќе се врати во потполна функционалност, освен што неприкладниѕте пораки ќе бидат избришани.
Ако, меѓутоа, се случи често да повторувате вакви инциденти, не е исклучен ниту потполен „бан“ од оваа социјална мрежа.







