Моментно третиот рекет на светот, шпанскиот тенисер Рафаел Надал, стаса во Канада каде што го очекува настап на Мастерс турнир во Торонто од 9 до 15 август.
Тој на конференцијата за медиуми откри дека се чувствува одлично секогаш кога ќе дојде во овој град, но дека не е сто отсто здрав.
Среќен сум што сум повторно во Торонто, убаво ми е тука. Знам дека не сум во врвна форма, но тренирам и се надевам дека ќе играм многу подобро отколку во вашингтон. Ме мачи стапалото. Сепак, одам ден по ден, чекор по чекор, но навистина ми се потребни неколку недели одмор за да исчезне болката.
„После Париз не успеав да го заздравам стапалото, притоа не тренирав затоа што имав голема болка. Сигурно 20 денови не стапнав на терен и времето го минав со семејството. Не знам дали ќе играм со 40 години, но кога имав 25 не бев сигурен дали ќе играм на 30 години“, рече Надал.
Да потсетиме, Надал до турнирот во Вашингтон, каде што беше запрен уште во второто коло од Лој Херис со 1:2 во сетови, не играше од Ролан Гарос кога во полуфиналето беше поразен од Новак Ѓоковиќ.