Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Осомничениот за нападот на вечерата на новинарите во Вашингтон повеќе не е под надзор поради ризик од самоубиство
СВЕТ

Осомничениот за нападот на вечерата на новинарите во Вашингтон повеќе не е под надзор поради ризик од самоубиство

мај 4, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кол Томас Ален, осомничен за пукањето за време на свечената вечера на Здружението на дописници на Белата куќа, повеќе не е под надзор поради ризик од самоубиство во затворот во Вашингтон. Ова следува откако неговите адвокати побараа укинување на мерката, сметајќи дека му се нарушени правата на правично судење.

Адвокатите на Ален поднеле барање да се откаже рочиштето закажано за денеска (понеделник), на кое требало да се расправа за укинување на надзорот, но судијата Зија Фаруки го одби барањето. Како што пренесува Си-Би-Ес, судијката навела дека е „сериозно загрижена“ поради тоа што осомничениот се наоѓа во самица и побарала одговори од надлежните.

Според претходни информации на Си-Би-Ес, кои се повикуваат на полициски извори, Ален бил задржан во рестриктивна ќелија во медицинска изолација и е под деноноќен надзор. Стандардниот протокол предвидува ваков надзор во првите 72 часа додека се проценува психичката состојба на притвореникот.

Во барањето, неговите адвокати навеле дека тој не можел да комуницира со блиски лица, да ги задржи личните предмети ниту да ги прегледува документите поврзани со случајот. Дополнително, според нивните тврдења, Ален бил спроведуван до туш-кабината и претресуван „до гола кожа“ при секое влегување и излегување од ќелијата.

Ален е обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп за време на годишната гала-вечера за новинари, што се одржа во саботата, на 25 април. Тој се соочува и со две обвиненија за поседување огнено оружје, а сè уште не се изјаснил за вината. Прелиминарното рочиште е закажано за 11 мај.

За потсетување, на годишната вечера на Здружението на дописници на Белата куќа во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон, вооружен маж, идентификуван како Кол Томас Ален (31), испука повеќе куршуми, по што сите присутни, вклучително и претседателот Трамп, беа евакуирани. Извор запознаен со истрагата изјави дека биле испукани вкупно шест куршуми – еден од страна на Ален и пет од припадник на Тајната служба, кој бил погоден во заштитниот елек (панцир). Два извора наведуваат дека куршумот веројатно бил сопрен од мобилниот телефон во џебот на агентот. Сојузните власти ги отфрлија тврдењата дека станува збор за таканаречен „пријателски оган“.

актуелно Вашингтон вечера напад осомничен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.