Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Над 1.800 нови случаи на Ковид-19, засега без дополнителни мерки
Градови

Над 1.800 нови случаи на Ковид-19, засега без дополнителни мерки

јануари 14, 2022Updated:јануари 14, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во земјава вчера беа регистрирани нови 1.865 случаи на Ковид-19. Од нив, 207 се реинфекции. Бројот на активни случаи изнесува 14.545.

Од новодијагностицираните, во Скопје се 871, а потоа следуваат Битола со 177 и Прилеп со 119. Во останатите градови, бројот на нови случаи е двоцифрен или едноцифрен. Според податоците од вчерашниот билтен, оздравени се 784 пациенти, а починати се осум лица од кои најмладиот на 45 години.

Досега кај нас се направени вкупно 1.686.063 тестирања на Ковид-19, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата изнесува 239.920.

Комисијата за заразни болести засега нема предлози за нови мерки, ниту за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог, членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.

Се разгледува и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната година, но одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата.

Бројот на новозаболени од Ковид-19 расте и во земјите од регионот. Така, во вчерашниот ковид-билтен во Србија од тестирани 33.163 лица позитивни на коронавирусот биле 13.753. Ова е најголем број на новозаразени во Србија на дневна основа од почетокот на пандемијата.

Албанскиот национален комитет на експерти за справување со пандемијата на вчерашната седница оцени дека ситуацијата со пандемијата достигнува кулминација, во просек со по над 1.700 нови случаи на дневно ниво и одлучи да ја продолжи важноста на досегашните антиковид мерки. Одлучено е да не се воведуваат нови дополнителни мерки, туку оставаат на граѓаните строго да ги почитуваат веќе постојните антиковид мерки за кои, како што велат, недоволно се почитуваат.

Во Грција, пак, невакцинираните лица над 60-годишна возраст имаат уште неколку дена рок да ја примат првата доза за да ја избегнат казната од 100 евра месечно, со оглед на тоа што од 16 јануари стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација за конкретната старосна група.

И во Европа расте бројот на новозаболени. Во Франција регистрирани се речиси 370.000 новозаразени со коронавирус, во време кога Владата се обидува во следните неколку дена да ја усвои пропусницата за вакцинација, со цел да ги охрабри Французите што е можно повеќе да одат на прва вакцина и колку што е можно повеќе да ја забави циркулацијата на епидемијата. 

Белгискиот Федерален парламент најави дека се подготвува да почне сериозна дебата за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, во контекст на „експлозијата“ на нови случаи поради омикрон варијантата.  Пратениците од Комисијата за здравство во наредните денови ќе сослушаат низа експерти и релевантни чинители, вклучително и претставници на граѓанскиот сектор. Не е познат точниот датум на почетокот на оваа дебата, но таа се очекува во текот на идната недела.

 

ИЗВОР: МИА

актуелно заболени корона мерки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.