Новото момче на манекенката Наоми Кембел (47) е египетскиот мултимилионер Луис Камилери (61).
Во врска се неколу недели, но тоа го кријат на нејзино барање. Се запознале и зближиле на трките на Формула 1.
Луис богатството кое денес „тежи“ 171 милиони евра, го стекна како претседател на тутунската компанија „Филип Морис“, а моментно е во бордот на директори на компанијата „Ферари“. Роден е во Александрија, зборува англиски, италијански, германски и француски јазик, а од бракот којшто му траел до 2004 година има три деца.








