Неидентификувани напаѓачи рано утрово истрелаа осум ракети врз турска воена база во северен Ирак, од кои две паднале во објектот, соопшти Противтерористичката група, безбедносна организација во автономниот курдски регион во Ирак.
„Едно лице во базата е рането“, им изјавил на медиумите извор од ирачките безбедносни сили кој одбил да биде именуван.
Ниту една група сеуште не ја презела одговорноста за нападот на базата Зилкан, во која се сместени турските сили, во провинцијата Ниниви, во северен Ирак.
Турција со децении спроведува операции во Ирак против Курдската работничка партија (ПКК), која има бази во регионот.
Турција, Соединетите Американски Држави и Европската Унија ја прогласија ПКК за терористичка група.
Групата, во 1984 година, започна бунт во југоисточна Турција, во кој досега загинаа повеќе од 40.000 луѓе.
(Фото: Илустрација / МИА)







