Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Нападот во Санкт Петербург испланиран преку „Телеграм“
Во Фокусот

Нападот во Санкт Петербург испланиран преку „Телеграм“

јуни 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бобмашот-самоубиец, неговите соработници и странскиот налогодавец ја користеле месинџер апликацијата „Телеграм“ за подготовка на терористичкиот напад во Санкт Петербург, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

„Во текот на операцијата за спроведување на истрага за терористичкиот напад од 3 април годинава во метрото во Санкт Петербург, ФСБ добила доверлива информација дека извршителот и помагачите користеле ’Телеграм’ за прикривање на своите криминални намери во сите фази на организацијата и подготовката на нападот“, се наведува во соопштението.

Терористите активно го користат „Телеграм“, затоа што тој овозможува да направите тајни разговори со висок ниво на шифрување на информациите кои се пренесуваат, се наведува во соопштението на руската ФСБ.

Со анализи на снимките од камерите, руската полиција го утврди идентитетот на човекот кој го активираше експлозивот. Терористот самоубиец е Акбаржон Џалилов (22), роден во градот Ош, во Киргизија, по националност Узбек. Џалилов имал и руско државјанство, а руска патна исправа добил во 2011 година. За него гарантирал татко му кој живеел и работел во Русија.

Фото снимка од сигурносните камери во метрото

Џалилов во Санкт Петербург живеел последните шест години. Се знае дека во 2015 година бил вработен во еден суши бар.

Сега полицијата трага по истомислениците на Акбаржон од терористичката организација Исламска држава. Според проценките на разузнувачките служби, во редовите на Исламска држава ина повеќе од две илјади луѓе од Киргизија. Тие се два пати повеќе од екстремистите од Дагестан кои заминале да војуваат во Сирија.

Руската полиција, наведува весникот „Комерсант“, имала информација за тоа дека исламистите подготвувале терористичка акција. Тоа им го соопштил уапсен терорист којшто војувал во Сирија, а кој не ги знаел сите детали затоа што не припаѓал на врвот на терористичката организација.

При експлозијата што се случи на потегот меѓу станиците „Сенски плоштад“ и „Технолошки институт 2“ загинаа 16 лица, вклучувајќи го и бомбашот-самоубиец.

ТАГА, Граѓаните на Санкт Петербург положуваат цвеќе во спомен на жртвите

Торба со експлозив беше поставена и на станицата „Плоштад на востанието“, но таа не експлодираше, беше откриена на време.

ПОЧИТ, Рускиот претседател Владимир Путин положува цвеќе на местото на трагедијата

Последната голема терористичка акција се случи на 29 декември 2013 година на железничката станица во Волгоград. Тогаш загинаа 16 лица. Пред тоа на 29 март 2010 година, две жени терористки активираа експлозивни направи во метро станиците „Лубјанка“ и „Парк на културата“ во Москва и тогаш загинаа 41 лице, а 88 беа ранети.

ПРЕТПАЗЛИВОСТ, Специјалци во метрото со кучиња за откривање на експлозив
апликација експлозија исламска држава месинџер Санкт Петербург телеграм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026

Земјотресот што ги погоди Филипините однесе над 30 мртви

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.