Две лица загинаа, а едно е рането во оружен инцидент што се случи вчера во швајцарскиот град Сион, јавува Би-би-си.
Жена (34) била убиена околу 7.00 часот на паркинг, а набрзо потоа бил убиен и 41-годишен маж.
Полицијата во 7.15 часот била известена дека 49-годишна жена е ранета на паркингот на улицата „Оскар-Бајдер“.
Убиените и ранетата жена живееле во кантонот Валаис.

Полицијата го лоцирала и уапсила напаѓачот во 15 часот и 43 минути, во местото Сен Леонард.
Куршуми наводно биле истрелани и кон просториите на фирмата „Сароса“ во Сион. Истрели потоа се слушнале и на околу 2,5 километри од центарот на градот.
Сион се наоѓа во близина на швајцарско-италијанската и швајцарско-француската граница.
Тамошните обвинители отвориле истрага за убиствата и ранувањето.
Се проценува дека околу 2,3 милиони швајцарски цивили поседуваат огнено оружје. Имајќи предвид дека во Швајцарија живеат околу девет милиони луѓе, бројот на сопственици на оружје е доста голем.
(Фото: Ројтерс)







