Цените на нафтата паднаа вчера на меѓународните пазари по добивките во претходните два трговски дена, под притисок на неизвесните глобални економски изгледи и посилниот долар.
Вредноста на барел сурова нафта падна на лондонскиот пазар во пладневната трговија во однос на претходното затворање од 70 центи, на 82,03 долари.
На американскиот пазар, пак, барелот се тргуваше по пониска цена за 65 центи, по 78,11 долари.
Вчера цените на двата пазара при затворањето бележеа добивки над еден отсто.
Посилниот долар ја прави нафтата поскапа за имателите на други валути и обично ја одразува намалената склоност на инвеститорите за ризик.
Поддршка за цените на нафтата во утринската трговија им пружаше оптимизмот на инвеститорите дека патувањата за празниците во Кина ќе ја зголеми побарувачката за гориво и очекувањата за пад на залихите на сурова нафта во САД.







