Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Националната мрежа против насилство предлага мерки за заштита на жените и децата во услови на криза
Во Фокусот

Националната мрежа против насилство предлага мерки за заштита на жените и децата во услови на криза

април 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство на Владата и предлага итни мерки за заштита на жените и децата жртви на семејно насилство во услови на криза.

Предлага Министерство за труд и социјална политика во соработка со Министерство за здравство да развие протоколи за безбедно сместување на жени жртви на насилство и нивните деца, согласно препораките за заштита од Ковид -19.

Министерството за труд и социјална политика да објави броеви за пријава на семејно насилство кои ќе бидат функционални 24/7, посебно за секој град каде има центар за социјална работа.

Министерство за внатрешни работи и Министерство за труд и социјална политика, пак, на неделно ниво да објавуваат статистика за бројот на пријавени случаи на семејно насилство, поделена по градови и пол на жртва.

Една од предложените мерки е жртвите на насилство да ги користат линиите за пријавување на истото (СОС линии, МВР и ЦСР, граѓански организации) и линиите за помош и поддршка да работат преку онлајн чатови и пораки, и СМС пораки.

Покрај пријавување на насилство на 192, да се наложи на службите за брза помош (194) и противпожарната бригада (193) да одговараат на повици за пријави на насилство и да ја известат надлежната полициска станица да постапи во најкраток можен рок.

Националните и локалните телевизии, како и другите видови на медиуми редовно да ги објавуваат броевите за пријавување и помош при семејно насилство и насилство врз деца, за сите градови каде што има сервиси и Центри за социјална работа.

Националните и локалните телевизии, како и другите видови на медиуми да ги објават безбедносните насоки за жртвите како да се заштитат во своите домови.

Насоките за пријавување насилство и барање помош и поддршка да се објават на веб-страницата https://koronavirus.gov.mk/ каде се објавуваат сите податоци, мерки, насоки и друго поврзани со КОВИД 19 и кризната состојба. Мерките за полициски час и останување во домот треба да прават исклучоци за сторителите на семејно насилство кои, во услови на ваква вонредна состојба, мора да се отстранат од домот и да бидат приведени, притворени или сместени на друга локација.

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство предлага сите кои работат на терен (здравствените работници, матичните лекари, граѓански организации, полициски службеници, Црвен крст итн.) итно да пријават семејно насилство во надлежната полициска станица доколку увидат дека тоа се случува.

Истото да го сторат и фармацевтите и вработените во маркетите.

Да се подготват безбедносни насоки и планови за бегство кои на жртвите ќе им помогнат полесно да ја напуштат насилната средина и да побараат помош.

Специјализираните сервиси за заштита на жртви на семејно насилство кои обезбедуваат сместување, да се дезинфицираат редовно како би се превенирало пренесување на вирусот;

Да не се дозволи гледање на насилникот со децата, повторно со цел да се намали ризикот од насилство кон жрвата.

Државата да алоцира средства за исплата на издршка за децата, во случаи кога истата не може да се наплати од другиот родител поради невработеност.

Изработка на плакати и стикери со броеви и насоки за пријавување на насилство кои би се дистрибуирале во маркети и аптеки на видно место, како и на семафори, бандери, автобуски постојки, се дел од предложените мерки на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

актуелно насилство Национална мрежа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.