Вработените во италијанските аеродроми и во железницата најавија штрајк за во четврток и сабота, објавија претставници на синдикатот.
Во четврток, според најавите на синдикалнте лидери, ќе протестираат железничарите вработени во компаниите „Трениталиа“ и „Итало“.
Потоа, во сабота вработените на аеродромите ќе штрајкуваат од 10 до 18 часот, бидејќи не го продолжиле колективниот договор.
Истовремено се очекува истиот ден да штрајкуваат и пилотите на „Малта Ер“ и пилотите и стјуардесите на „Вуелинг“, јави италијанската новинска агенција Анса.







