Времето денес ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност.
Минималната температура ќе биде во интервал од минус 6 до 0, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје наутро студено, преку денот сончево и магливо со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 7 степени, информираат од УХМР.
Во следните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, па таму ќе се задржи постудено.
Утрово најладно е во Берово со –7 степени, а најтопло е на Попова Шапка каде што беа измерени 4 степени.
Како што информираа од УХМР измерени се –6 степени во Струмица, -5 во Скопје, Битола и Демир Капија, -4 степени во Тетово, Штип, Гевгелија и Крива Паланка, -3 степени во Прилеп и Куманово, -2 во Маврово, -1 во Охрид, Претор и Виница, 0 во Дојран и еден степен во Крушево.
По одделни котлини утринава има појава на магла или ниска облачност. Во Полошко има намалена видливост од 50 до 200 метри. Поради појава на температурна инверзија на планините температурата е повисока отколку во пониските места.