Најмалку 13 лица загинаа при експлозија на двојна цистерна со гас, која се запали откако се преврте на автопат во западно Мексико, соопштија властите.
Загинаа возачот на цистерната и уште 12 лица чии возила беа зафатени од пожарот.
Телата на мртвите биле пронајдени во автомобили јагленисани до непрепознатливост, објави обвинителството.







