Нацистичката подморница У-581 потона на дното на Атланскиот океан во жестоката поморска војна меѓу нацистичка Германија и сојузничките сили. После 75 години, снимателите на морските длабочини открија остатоци од подморницата, која на втори февруари 1942 година ја погоди бомба истрелана од британски брод кај островот Пику.
Подморницата е погодена со длабочинска бомба, после што командантот наредил војниците да ја напуштат, да ги отворат вентилите и да ја потопат, за да недне во рацете на непријателот. Преживеале 42 членови на екипажот, а четворица загинале.
Германските морски сниматели Кирстен и Јоахим Јакобсен наишле на подморницата на 13 септември минатата година, кога со својот нуркачки брод се спуштиле на длабочина од 900 метри.
У-581во меѓувреме се претворила во вештачки корален гребен.
Брачната двојка Јакобсен со години го снима морскиот свет во близина на Азорските острови.
Иако знаеле каде отприлика се наоѓаат остатоците од подморницата, потрагата на подрачјето од околу 100 квадратни километри го започнале пролетта лани, откако го конструирале хај-тек бродот, кој може да се нурне на длабочина од 1.000 метри.
Подморницата, која се распаднала на два дела, откриена е на длабочина од 870 метри, откако претходно ги проучиле британските и германските документи за потопувањето на У-581.













