Денеска истекува рокот во кој собранието преку пошта ќе ги чека и последните кандидатури за нов државен јавен обвинител.
Како што потврдуваат од законодавниот дом, на огласот за јавен обвинител досега се пријавиле 23 кандидати.
Откако ќе бидат прибрани сите кандидатури тие ќе бидат испратени во Советот на јавни обвинители кој има рок од 15 дена да ги оцени позитивно или негативно кандидатите и потоа да ги испрати во Владата.
Владата бира еден од кандидатите кој ги исполнува критериумите во огласот и добил позитивна оценка од Советот и го предлага во Собранието, каде е потребна поддршка од 61 глас за конечен избор.







