Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје

јуни 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
  • Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините
  • Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
  • Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели
  • Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување
  • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НА ПОВИДОК СКАНДАЛ ВО БРИСЕЛ: Европски истражители ги чешлаат пораките меѓу Урсула фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“!
Европа

НА ПОВИДОК СКАНДАЛ ВО БРИСЕЛ: Европски истражители ги чешлаат пораките меѓу Урсула фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“!

април 1, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бирото на Европското јавно обвинителство во моментов ја чешла интерната преписка меѓу шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и првиот човек на фармацевтската компанија „Фајзер“, Алберт Баурле, пренесува „Политико“.

Станува збор за случај што во Лиеж на почетокот на 2023 година го покрена 36-годишниот белгиски лобист Фредерик Балдан, поради сомневање за „злоупотреба на јавна функција, судир на интереси и корупција“.

И покрај тоа што деталите за самиот случај се прекриени со велот на тајната, затоа што истрагата е се уште во тек, добро упатени извори, чиј идентитет редакцијата на „Политико“ не го открива, биле подготвени да откријат за што се работи. Тврдат дека шефицата на Комисијата, покрај наведените кривични дела, е осомничена и за саботирање на истражниот процес поради уништување на доказен материјал, односно бришење на спорната кореспонденција.

Уште посериозна нота на целиот скандал му дава фактот што европското обвинителство го презеде случајот од белгиските власти, поради што под лупата на европските истражители може да се најде целата Комисија, и тоа непосредно пред претстојните избори за Европскиот парламент, на кои актуелната шефица сака да обезбеди уште еден мандат на чело на ЕУ.

Европската комисија досега упорно избегнуваше да дава какви било официјални информации за случајот, а на медиумите формално не им го потврди ниту самото постоење на спорната преписка меѓу Фон дер Лајен и Баурле.

Да потсетиме, договорот за снабдување на вакцините на „Фајзер“ со проценета вредност од 20 милијарди долари во 2022 година беше протолкуван како еден од најголемите триумфи на Комисијата на Урсула фон дер Лајен.Но, во меѓувреме се покажа дека нарачката била нереално голема, заради што вредноста на „пропаднатите“ дози се проценува на 4 милијарди евра.

И покрај тоа што политичките противници на шефицата на Комисијата, како и бројни невладини организации задолжени за промовирање на транспарентност, инсистираа Фон дер Лајен да се произнесе за целиот скандал, таа тоа упорно го избегнуваше.

Подносителот на жалбата што го покрена овој скандал, ја обвинува Фон дер Лајен дека условите за таквата профитабилна набавка таа ги договарала преку приватни комуникациски канали, заобиколувајќи ги притоа строгите правила за јавни набавки на Унијата, поради што се сомнева во постоење на корупција.

На овој процес брзо се приклучија унгарската и полската влада. Но, откако кормилото над владата во Полска го презеде Доналд Туск, Варшава нагло се повлече од целата приказна.

актуелно вакцини Европа урсула фон дер лајен фајзер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти

јуни 9, 2026

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Притвор за 36-годишен скопјанец: Претепал сопруга и баба, се заканувал на децата и пуштил шарпланинец на роднините

јуни 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.