НБА им постави цел на клубовите сезоната 2020/21 да започне со навивачи на трибините.
Според Шамс Харанија, инсајдер на „Атлетик“ во НБА лигата, во зависност од правилата во одреден регион, лигата планира да ги пополни арените за 25-50 проценти во првите недели од шампионатот.
Од клубовите ќе се бара да почитуваат посебен протокол, според кој посетителите на натпреварите ќе мора да носат маски, да одржуваат социјална дистанца и да бидат подложени на тестови на коронавирус.
Исто така, се забележува дека местата што се наоѓаат најблиску до теренот, ќе се оддалечат за 3-3,7 метри.
Правилата за дозвола за присуство на навивачи во НБА-арените може да се ревидираат за време на шампионатот ако се промени ситуацијата–на пример, ако се одобри вакцина за коронавирус.
За потсетување, стартот на новата НБА сезона најверојатно ќе биде на 22 декември.