Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НБ: Банкарскиот систем стабилен, депозитите со солиден раст, раст и кај кредитите
Економија

НБ: Банкарскиот систем стабилен, депозитите со солиден раст, раст и кај кредитите

декември 26, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Банкарскиот систем во третиот квартал годинава ја задржа стабилноста. Депозитите одбележаа солиден раст, но и кредитите одобрени на домаќинствата продолжија да растат.

Ова го констатира Советот на Народната банка во усвоениот извештај за ризиците во банкарскиот систем во третиот квартал.

„Показателите за солвентноста на банкарскиот систем и натаму се на солидно ниво.

Според податоците во усвоениот извештај, на крајот на септември оваа година, стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем изнесува 16,9 отсто.

Во однос на ликвидноста на банките, во овој квартал таа забележа раст, при што сите показатели се задржуваат на задоволително ниво, наведуваат во соопштението од Народната банка.

Во третиот квартал, учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансиските субјекти е намалено за 0,5 процентни поени и е сведено до нивото од пет отсто.

Според Народната банка промените во регулативата за управување со кредитниот ризик имаа делумен придонес за подобрување на показателите за нивото на остварување на кредитниот ризик. Заклучно со третиот квартал, стапките на поврат на просечната актива и просечниот капитал и резерви на банкарскиот систем изнесуваа 1,5 отсто и 13,5 отсто.

Во однос на истиот период од минатата година, појаснуваат од Народната банка, тие се пониски, но главно како одраз на исцрпувањето на ефектите од настаните со еднократен карактер од март 2018 година, коишто предизвикаа висок раст на добивката минатата година.

На денешната седница Советот ја донесе и Програмата за работа на Народната банка за 2020 година. Покрај остварувањето на редовните задачи, во неа, за следната година се испланирани и поголем број проекти што ќе придонесуваат за унапредување на извршувањето на функциите и ефикасно постигнување на стратегиските цели на централната банка.

Со Програмата се опфатени веќе најавеното изготвување на Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, како и на Националната стратегија за примена на финансиски технологии и поддршка на развојот на финтек-секторот, активности поврзани со анализа на тековната заштита на потрошувачите на финансиски услуги и унапредување на институционалната поставеност на Народната банка во оваа сфера и проект за унапредување на транспарентноста и комуникацијата со јавноста на Народната банка. Во зависност од динамиката на донесување на новиот Закон за платежни услуги и платни
системи, планирани се и проекти што ќе овозможат измени или донесување соодветна подзаконска регулатива. Истовремено, заради зголемување на сигурноста, стабилноста и ефикасноста на платниот систем се предвидува спроведување консултативен процес преку Националниот совет за платни системи, за воспоставување стратегиски насоки за изработката на повеќегодишна стратегија за развој на платниот систем на нашата земја.

Советот го усвои и Годишниот извештај за надгледување и препораки за работењето на платните системи во 2018 година. Во Извештајот, согласно со воспоставената правна рамка, Народната банка со надгледувањето оценува дали структурата и функционалностите на платните системи според нивната значајност се во согласност со меѓународните стандарди и дали обезбедуваат непрекинато, сигурно и стабилно работење на платниот систем. Притоа, во текот на 2018 година платните системи во земјата обезбедија висок степен на сигурност и оперативна доверливост, што е значителен придонес кон создавање поволно економско окружување.

На седницата на Советот беа донесени и Програмата за работа за 2020 година и Среднорочната програма за работа за периодот 2020-2022 година на Дирекцијата за внатрешна ревизија, како и Годишниот финансиски план, Годишниот план за инвестициите и Годишниот план за јавните набавки за 2020 година.

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно депозит НБРМ стабилен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.