Град падна пред неколку дена во Обединетите Арапски Емирати, пустинска земја на брегот во Персискиот и Оманскиот залив.
Жителите на ОАЕ веднаш се закачија на социјалните мрежи за, со остатокот од светот, да споделат фотографии и видеа од улиците покриени со мраз.
Националниот центар за метеорологија во Обединетите Арапски Емирати во понеделникот издаде предупредување за многу градови во земјата бидејќи поројните дождови што паднаа тој ден предизвикаа поплави во делови од Дубаи.
Автомобилите поради поплавените улици не можеа да возат, а канализацијата не можеше да го прими големото количество вода што во неа се слеваше од улиците.
Температурите во Абу Даби, да потсетиме, моментално се околу 25 степени Целзиусови.
Иако град во пустината изгледа како неочекувана појава, тој се случува во ОАЕ и други пустински земји, но не често.
Поради фактот што ОАЕ имаат пустинска клима, таму годишно има многу малку врнежи, до 100 мм, а летните температури може да се искачат и над 49 степени над нулата.
Би-Би-Си наведува дека град паднал бидејќи низ земјата поминал метеоролошки состав, што го дестабилизирал тамошните временски прилики. Таквите нешта обично слабеат додека стигнат до ОАЕ, но овој пат тоа не се случи.







