Обилните дождови во Скопје поплавија неколку објекти во скопските села Црешево и Стјаковци.
Од бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, информираат дека по невремето со интензивен дожд и грмотевици што го зафати скопскиот и други региони во државава, досега пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци.
Невремето, во одредени делови од Скопје, предизвика проблеми и во одвивањето на сообраќајот, како и времени прекини на снабдувањето со електрична енергија.
Поради поројните дождови превентивно беше затворена и скопската обиколница.