Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ги заврши средбите со лидерите на политичките партии кои освоија мандати во Парламентот на предвремените избори одржани на 11 декември минатата година.
Хан имаше средби со лидерот на Беса, Билал Касами, со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, со Мендух Тачи од ДПА, со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
По средбите со Хан претставниците на Беса, Алијансата на Албанците, ДПА, ДУИ и на СДСМ во изјава за медиумите истакнаа дека со еврокомесарот разговарале за актуелната политичка ситуација во Македонија и за нивните ставови во врска со формирањето на новата Влада. За средбата Груевски – Хан, како што најави пратеникот Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ ќе информира преку партиско соопштение.







