Никој не пројавил интерес за купување на она што како имот се води на порталот „Телеграф“!
Имено, на вчерашното аукциско наддавање на движен и недвижен имот, сопственот на сега пропаднатата фирма „Медиа Принт Македонија“, немало ниту еден заинтерeсиран кој би понудил средства за порталот „Телеграф“.
Според сознанија на „ПРАВОСУДСТВО,МК“, никој не пројавил интерес и за земјишните парцели на „МПМ“, лоцирани крај Вардар, во непосредна близина на печатницата „Графички центар Скопје“. Нашите сознанија велат дека од осум, вчера одржани аукциски наддавања, интерес имало само за пет, а за три пакети никој не покажал интерес.
Најголем интерес привлекле понудените три возила, коишто до пред една година се користеа за дистрибуирање на сега веќе уништените дневни и периодични весници. За едно од возилата наддавале двајца потенцијални купувачи, за второто и третото возило имало по тројца, односно четворица наддавачи, а еден потенцијален купувач понудил средства за она што како отпад беше понудено за продажба.
Двајца потенцијални купувачи се појавиле на наддавањето за купување на опрема за фотографирање, односно на опремата која ја користеа фоторепортерите на „МПМ“ и која пред само еден месец му беше предадена на стечајниот управник.
Кои се износи се понудени од учесниците во наддавањето се уште е непознато, но веќе во понеделник, стечајниот управник, конкретните износи ќе му ги презентира на судот, а дури потоа ќе се решава дали и која од понудите ќе биде прифатена.
Инаку, до отворање на стечај на „МПМ“ дојде, пред се, поради крајно лошото менаџирање на Срѓан Керим кој успеа да ги уништи дневни весници: „Утрински весник“ и „Вест“, неделникот „Теа модредна“ и пирталот „Телеграф“, а само еден месец подоцна и весникот „Дневник“.
Надеж дека ќе „преживее“ имаше само за спортскиот дневен весник „Македонски спорт“, но и тој е згасна.







