Експлицитното видео на Адријана Лима кое е објавено вчера ги разбесни верниците.
На снимката што ја направи за „The Love Magazine“ Лима е потполно гола под туш и јаде чоколаден зајак.
На себе има само чипкаст бел градник кој практично се и открива, но не и гаќички.
Андријана дел од снимката објави на Инстаграм, а одделни нејзини приврзаници од христијанска вероисповед ја критикуваа затоа што сметаа дека е непристојно ваква снимка да се појави токму на Велигден.
„Дури и на Велигден луѓе на Инстаграм покажуваат голотија. Без оглед дали си религиозна или не, покажи почит кон оние кои се. А, ако си религиозна тогаш не гледам смисла во оваа објава. Јас барем би почекала – ласи еден коментар, додека други што ја следат и порачаа: „Подобро да појдеше во црква“, „Ова е знак за непочитување“, „Какво разорачување и неморал“ …
https://www.youtube.com/watch?v=XNTD3mUnXQY
Како одговор Адријана објави подолг текст за значењето на Велигден и бојадисувањето јајца, со порака:
„За оние кои не го знаат значењето на велигден. И јас верувам во Исус, во божјата енергија и се што е позитивно. Ве молам без лоша енергија денес.“









