Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Неодговорна е одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за потврдување на вонредните состојби, смета Заев
Македонија

Неодговорна е одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за потврдување на вонредните состојби, смета Заев

октомври 1, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Како неодговорни и спротивни на интересите на граѓаните ги оцени премиерот Зоран Заев најавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека во Собранието нема да гласа за потврдување на вонредните состојби што поради пандемијата предизвикана од КОВИД-19 ги потпиша претседателот на државата Стево Пендаровски, во услови кога Парламентот беше распуштен.

-Во услови на КОВИД, кога доаѓа сезона на грип, зима, некој вака несериозно да ги поставува работите е несериозно, но секој си ја носи својата одговорност, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ОУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош, по повод почетокот на учебната година.

Тој додаде дека и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ барал прогласување вонредна состојба, иако како што вели, воопшто не е важно гој побарал, зошто условите биле такви што тоа морало да се направи.

-Не е важно кој ја побара, ја побаравме заедно власта и опозицијата.

Претседателот Пендаровски не послуша, ги слушна аргументите, одржавме состаноци и тој ја прогласи првата вонредна состојба, како и следните.

Последната беше на барање на опозицијата заради изборите, немаше начин како поинаку да се организираат сосдветните законски датуми за одржување на изборите.

Сега да се изјави дека не се поддржува вонредната состојба, дека нема да се гласа вонредната состојба е најблаго кажано неодговорно, рече премиерот.

Но, додаде тоа не значи дека ќе има било каква криза, бидејќи, како што потенцира системот ги има решенијата во себе.

-Процедурите мора да продолжат. Преседателот на Парламентот е должен да ги достави одлуките за вонредна состојба до преатениците. Тие треба да расправаат по нив. Не станува збор за уставна криза, ниту за некои проблеми за поништување на било какви одлуки кои се донесени, ниту пак процесот е реверзибилен, односно не може да се врати назад. Не постои ризик, истакна премиерот Заев.

Додаде дека одлуката претседателот ја донел воконсултација со правници, кои ги разгледувале сите законски и уставно можни варијанти, затоа што, како што посочи, сериозно е кога се рботи на важни одлуки, особено оние кои се носат првпат.

Тој побара солидарност од сите општествени чинители и поддршка за институциите кои треба да се справуваат со пандемијата и последиците од неа.

-Доаѓа зима. Кој знае дали ќе ни треба повторно вонредна состојба или не, кој знае дали Парламентот ќе може да се состанува или не. Ние треба да ги поддржуваме институциите без разлика дали сме опозиција власт.

Потребна е меѓусебна солидарност, да покажеме поголема одговорост и солидарност оти ова е проблем со која се справува целиот свет, а полесно се справуваат со секој предизвик оние кои се солидарни имаат разбирање и ги решаваат работите низ дијалог, потенцира Заев.

актуелно вмро-дпмне вонредни негласање одлука состојби
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.