Милијардерот и филантроп Џорџ Сорос му го препушти раководството на својата империја вредна 25 милијарди долари на својот 37-годишен син.
Александер Сорос е избран за претседател на Фондацијата „Отворено општество“, со што стана прв човек на една од најбогатите филантропски институции во светот.
Во интервју за „Волстрит журнал“, тој потенцираше дека Фондацијата ќе има значајна улога во претстојните американски претседателски избори во 2024 година.
Себеси се опиша како „пополитичен“ од неговиот татко и потврди дека е загрижен за можноста Доналд Трамп да се врати во Белата куќа.
Џорџ Сорос е, да потсетиме, еден од најголемите политички донатори на Демократската партија во Америка.
Алекс неодамна се сретна со претставници на администрацијата на Бајден, како и со лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, и со канадскиот премиер Џастин Трудо.
Неговото именување на споменатата функција, да споменеме и тоа, дојде прилично неочекувано, како големо изненадување.
Во минатото, Џорџ Сорос тврдеше дека не сака неговата фондација да се префрли на едно од неговите деца „од принципи“.
Сега, сосема е јасно, ја смени приказната.
Долго време, многумина велеа дека постариот полубрат на Алекс, Џонатан Сорос, е природен наследник на татковата империјата, но тој го напуштил инвестицискиот бизнис на Сорос откако, наводно, се влошиле односите со татко му.
Да споменеме и дека Алекс е и претседател на „Демократија ПАС“ (Democracy PAC), група за финансирање политичка кампања на Сорос и е единствениот член на семејството во инвестицискиот одбор на „Сорос Фонд Менаџмент“ (Soros Fund Management), кој го надгледува финансирањето на Фондацијата „Отворено општество“ и на самото семејство Сорос.
Фондацијата „Отворено општество“ годишно дава околу 1,5 милијарди долари за групите за човекови права, граѓанското општество и, како што тврдат, изградба на демократија.







