Најмалку 15 лица го загубија животот, а 19 се водат како исчезнати откако денеска, половина час после полноќ, потона траект кај индонезискиот остров Сулавеси.
На траектот имало 40 патници, а причината за несреќата се уште е нејасна, се наведува во соопштението на Националната агенција за пребарување и спасување.
Соопштено е и дека шест патници преживеале и се згрижени во локалната болница.
(Фото: АФП)







