Сагата и конечно заврши. Нејмар стана најскап играч во историјата на фудбалот. Пари Сен Жермен за неговите услуги на Барселона и плати неверојатни 222 милиони евра.
Францускиот клуб тоа го потврди на својот сајт, со напомена дека договорот е потпишан до 2022 година.
„Многу сум среќен што дојдов во Париз. Од кога стигнав во Европа клубот беше натпреварувачки настроен и имаше големи амбиции. Најголемиот предизвик и она што ме мотивираше да им се придружам на новите соиграчи е да и помогнам на екипата да ја освои титулата која навивачите најповеќе ја посакуваат. Ме привлече амбицијата на клубот. Веќе четири сезони играм во Европа и чуствувам дека сум подготвен за следниот предизвик. Од денес ќе направам се што можам за да им помогнам на новите соиграчи заедно да отвориме нови хоризонти и да ги израдуваме милионите навивачи ширум светот“, рече Нејмар кој ќе го носи дресот со број 10.
Првиот човек на клубот Насер Ал-Келафи се надева дека со Бразилецот клубот конечно ќе успее да ја освои Лигата на шампиони.
„Со голема среќа и гордост му посакувам добредојде на Нејмар. Тој е денес еден од најбогатите играчи на светот. Има победнички менталитет, карактер и го има тоа чувство да биде водач на теренот. Ќе ни донесе многу позитивна енергија. За овие шест години изградивме амбициозен проект кој не доведе го големи височини, а денес со доаѓањето на Нејмар сум убеден дека со помош на навивачите ќе ги оствариме најголемите соништа.“
Барселона потврди: ПСЖ уплати 222 милиони евра за Нејмар
Официјалното претставување на Нејмар во дресот на Пари Сен Жермен е само прашање на време.
Каталонскиот клуб на својот официјален сајт потврди дека стигнале парите на сметка за откупнина во висина од 222 евра.
„Во четвртокот попладне законските застапници на Нејмар ги посетија клубските простории и платија 222 милиони евра, што значи едностран прекин на договорот. Како таков, клубот ќе ги проследи сите детали до УЕФА за тие да можат да ги утврдат сите дисциплински одговорности кои можат да се створат“, се наведува во соопштението.