Преседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денес на прес-конференција соопшти дека дневната евтина тарифа на електричната енегија се враќа од први декември оваа година.
„Ветив дека кога ќе се укаже можност за враќање на евтината тарифа тоа ќе го направиме. Денес сакам да ја информирам јавноста дека од први декември се враќа евтината тарифа во периодот од 13 до 15 часот. Во периодот до тогаш ќе се изврши промена на броилата“, рече Бислимовски.
Тој објасни дека оваа одлука не е политички мотивирана, туку поради сигналот на цената на електрична енергија на сите берзи вклучително и нашата.
„Цената дење на електричната енергија осум месеци наназад е пониска од цената на електрична енерфгија по 24 часот. Препорачавме ЕСМ и ЕВН Хоум во текот на денот да ги инетнзивираат купувањата на електрична енергија и да се склучуваат договори со фотоволтаинчните електрани. Со тоа ќе штедиме и вода и јаглен, што е во полза на сите потрошувачи“, истакна првиот човек на „Регулаторна“.







