Видео прегледот на годината што е на изминување на најголемата социјална мрежа на светот може да биде забавен, но треба да знаете дека само една апликација е автентична и сигурна за користење.
Како и изминатите години, Фејсбук во текот на декември ни нуди кратко видео со преглед на најзначајните (како што „мрежата“ тоа го гледа) моменти забележани во вид на објава и фотографии на неговите страници.
Меѓутоа, се појавија и измамнички апликации кои од вас бараат да лајкувате некоја страница, поделите објава или коментар, за да дојдете до својот видео-преглед за 2016 година.
Секако, до „Year in Review“ видеото можете да дојдете без тоа – доволно е да одите на Facebook.com/yearinreview2016.
Впрочем, Фејсбук веројатно сам ќе ви ја понуди пред било што да направите.
Затоа не наседнувајте на лажните повици во кои од вас се бара нешто да превземете.
Особено не смеете да оставате чуствителни лични податоци и превземате и инсталирате софтвер од извори во кои немате апсолутна доверба.