Туркменистан ќе потроши речиси пет милијарди долари (околу 4,5 милијарди евра) за изградба на град именуван по моќниот Гурбангули Бердимухамедов, соопштија вчера тамошните власти.
Изолираната централноазиска земја која се граничи со Каспиското Море, повеќе од 16 години е управувана од семејството Бердимухамедов.
Гурбангули Бердимухамедов, поранешен стоматолог кој стана автократ, официјално се повлече од функцијата претседател на поранешната советска република минатата година, а го замени неговиот син, Сердар Бердимухамедов.
Но, 65-годишникот, познат по својот култ на личноста, ја носи титулата „Аркадаг“ (херој заштитник) и продолжува да доминира во земјата.
Новиот град, одалечен 30 километри од главниот град Ашгабат, ќе го носи неговото име – Аркадаг.
Бердимухамедов им наредил на владините службеници да го внесат проектот во „Гинисовата книга на рекорди“.
(Фото: АФП / Игор Шашин)







