Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Николовски: Поројчани ќе ги обештетиме
Земјоделство

Николовски: Поројчани ќе ги обештетиме

јуни 7, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Земјоделците и земјоделските стопанства од тетовското село Порој чии ниви беа погодени од завчерашното невреме што поскоро да достават барања за отштета. За општинските власти пак да се обезбеди потребната механизација за расчистување на затрупаниот регионален пат Тетово-Јажинце кај Порој каде сообраќајот е во прекин три дена поради големите наноси од кал, земја и камења. Интензивно ќе продолжи да се работи и на изградба на привремен премин преку реката откако од двата моста низ Порој едниот беше целосно уништен, а другиот е оштетен.

Ова го истакнаа при денешниот увид на состојбата на терен министрите за земјоделството, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Горан Сугарески, за економија Крешник Бектеши и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Рамиз Мерко придружувани од градоначалничката на општина Тетово.

Околу 50 хектари земјоделско земјиште на жителите од Порој засеано со житни, градинарски и овошни култури има претрпено штети при последното невреме, покажува извештајот на Комисијата од подрачната единица на Министерството за земјоделие од Тетово која, потенцираше Николовски, за неколку часа по формирањето ја заврши оваа своја обврска.

Ги повикувам сите регистрирани но и неригистрирани земјоделци и земјоделски стопанства што поскоро да ги поднесат нивните барања за отштета до подрачната единица тука во Тетово за потоа да ги доставиме до нашиот сектор за анализи и до Бирото за судско вештачење од каде согласно процедурата овие одобрени барања треба да бидат доставени до Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството за исплата на определените средства. Ова се само првични проценки и сакаме што побрзо да им помогнеме на погодените земјоделци, рече Николовски.

Министерот за транспорт Сугарески напомена дека е воспоставена комуникација и соработка со општинските претставници за тоа што е најпотребно во поглед на потребната градежна и друга механизација за што побрзо отстранување на наносите од кал и камења од патот и оспособување на оваа важна сообраќајница за нормално одвивање на сообраќајот во тетовско на овој потег. Заедно со другите присутни на увидот не можеа да определат временска рамка за тоа кога се очекува одблокирање на патот кај Порој.

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи најави интензивирање на работите за нормализирање на животот во Порој.

Сега најитно работиме на изградба на привремен премин преку реката откако од двата моста низ Порој едниот беше целосно уништен, а другиот е оштетен. Се надеваме на поддршка од државата за повторно да оспособиме соодветно минување на реката низ селото како и расчистување на наносите што оневозможуваат во едно маало од село жителите со возила да имаат пристап до нивните домови. Од вчера екипи на ЈКП Тетово работат на решавање на проблемот со водоводот бидејќи дел од селото нема вода низ чешмите,а во другиот дел таа не е употреблива. Ние ја следиме состојбата и секојдневно се обидуваме да реагираме за разрешување на проблемите што постојат, изјави Арифи.

Претседателот на месната заедница во Порој Сулејман Рамадани вели дека очекуваат посетите на претставниците на институциите конечно да вродат со плод и да се деблокира патниот правец како и улицата во селото но и да се помогне во отстранувањето на наносите од нивите на жителите и решавање на проблемот со водоснабдување во селото. Рамадани рече дека „долгогодишниот нерешен проблем со зафатот на водите и неизградените каскади на реката над селото предизвикува страв кај жителите при секој најавен дожд“.

Љупчо Николовски Порој Теута Арифи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Романски домати за сезоната достигнаа рекордни цени од околу 20 евра за килограм

април 17, 2026

БЕЗ ОЛЕСНУВАЊА: ЕУ воведува нови, поголеми царини за руското жито

март 19, 2024

Натпросечните температури ги „разбудија“ овошките, времето поволно за резидба и подготовка на пластениците

февруари 22, 2024
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.