Обезбедувањето ИТ податоци и нивна електронска размена меѓу релевантните институции за креирање и споведување ефективна земјоделска политика и политика за рурален развој, овозможи проектот „Надградбата на земјоделскиот информативен систем и воспоставувње системи за размена на податоци меѓу МЗШВ и останатите релевантни институции“ кои изминативе 20 месеци се спроведуваше во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Проектот беше финансиски подржан од Националната програма ИПА 2011 на Европската унија со 700.000 евра.
Како што рече министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, на денешната конференција по повод завршувањето на проектот, соодветното креирање на земјоделски политики придонесува кон намалување на иселување и задржување на населението во руралните области, а со тоа зголемување на земјоделското производство и намалување на увозот.
„Креирањето соодветни политики најмногу зависи од развојот на човечките ресури преку континуирано надградување на знаењата, следење на светските трендови во земјоделството и организираноста на институциите при донесувањето одлуки“, истакна Николовски во обраќањето.
Според него, проектот придонесесе за јакнење на капацитети на Министерството за земјоделство во насока на почување на процесите на планирање и анализа на политиките.
„Целта е функционална размена на податоци меѓу Министерството и релевантните институции како Државниот завод за статистика, Платежната агенција и останатите што располагаат со податоци потребни за анализа и креирање на идните земјоделски политики“, нагласи Николовски.
Тој информира дека во рамки на проектот се изработени прирачници за креирање биланси за понудата и побарувачката за најважните производи: жита, ориз, зеленчук, овошје, вино и месо, потребни во процесот на донесување одлуки поврзани со развојот на политиките во замјоделството и руралниот развој, а изготвен е и нов софтвер за Земјоделскиот пазарен информативен систем кој преку веб страница овозможува поедноставува управување и внесување податоци, но и поедноставен преглед на цените на земјоделските производи.
„Се изработи и прирачник поврзан со управување со циклусот на политиките за земјоделство и рурален развој, вклучувајќи процеси за анализа, мониторинг и планирање.
„Од самиот проект произлегоа и индикатори за следење и евалуација за земјоделска политика согласно принципите на заедничката земјоделса политика од Европската унија, односно индикаторите за влијанието на политиката, показателите за резултатите од политиката и аутипут индикатори“, спомена министерот.
МИА.







