За еден месец се очекува да има нова пешачко-велосипедска патека на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје.
Град Скопје и од Јавното претпријатие „Улици и патишта“ ја почнаа реконструкцијата на булеварот, на потегот од крстосницата со „Мирче Ацев“ до крстосницата со „Кузман Јосифовски Питу“.
На оваа патека ќе се отстрани постојниот стар и оштетен асфалт, ќе се вгради тампонски слој, ќе се заменуваат и спуштаат рабниците, ќе се санираат и нивелираат шахтите и сливниците, а потоа ќе се нанесе нов асфалтен слој, на должина од 700 метри.
Градежниот зафат ќе чини три милиони денари.