Култната британска група „Депеш мод“ наскоро ќе го издаде долго очекуваниот, 14-ти по ред, студиски албум под името „Спирит“.
Наследникот на изданието „Делта машин“ од 2013 година, во продажба ќе се најде од 17 март, а негов продуцент е Џејмс Форд.
„Спирит“ донесува дванаесет нумери, а ќе го објави издавачката куќа „Колумбија рекордс“.
„Депеш мод“ на 5 мај тргнува на турнеја во рамки на која ќе одржат 32 концерти во 21 држава, а меѓу нив се најде и Словенија.