Закана за поставена експлозивна направа стигнала утринава во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“, лоцирано во непосредна близина на Клиничкиот центар.
Дојави има и на електронските адреси на гимназиите „Орце Николов“, „Георги Димитров“ и „Јосип Броз Тито“.
Во тек е евакуација на учениците и вработените, а полицијата е на терен и врши проверки на објектите.
Министерството за внатрешни работи потврди дека дојави за поставени експлозивни направи утринава пристигнале на мејловите на 15 школи во Скопје.
„Денеска во 8.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави полициски службеници преземаат мерки за безбедно евакуирање од објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираат од министерството.







