Со огномет и балетски спектакл во Нови Сад отворев е 18 фестивал „Егзит“ на кој, како загревање, настапија грипите „Фрајле“ и рок кантавторката Л.П.
Во рамки на церемонијата на отварањето настапи една од најголемите балетски ѕвезди на нашето време – Сергеј Полуњин.
Во текот на вечерта настапија арт-поп сензацијата „Фивер Реј“ и популарното трио „Мигос“.
Нови Сад овој викенд ќе прими околу 55.000 туристи од преку 70 земји од светот кои доаѓаат н 18 по ред „Егзит“, официјално најдобар европски голем фестивал.
Деновиве, на сцената ќе бидат светскиот ДЏ број 1, Мартин Гарикс, Грејс Џоунс и групата „мтс Денс Арени“, предводена од Ричи Хотин, Масео Плекс, Соломун и Нина Кравиц.
На главната бина доаѓаат и најголемиот хитмејкер Дејвид Гета и рап ѕвездата Френч Монтана.
Актуелната трип-хоп кралица Севдализа, бас ѕвездите „Делта Хеави“ и „Лоадстар“ и хитмејкерите Зху, Џек Џоунс, „Офенбах“ и „Дисциплес“ се само дел од понудата на овогодинешниот „Егзит“.







