Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, денеска присустуваше на претставата „Дедо Мраз и дружината на Лајко Сезнајко“ што се одигра пред учениците од Посебното училиште „Свети Климент Охридски“ во Ново Село. Таа им подари новогодишни пакетчиња на децата и им посака многу здравје, љубов и среќа во новата година.
Претставата „Дружината на Лајко Сезнајко“ е во продукција на Здружението „Видливост“ и Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица, а денеска актерите ја одиграа во хуманитарни цели за учениците од Посебното училиште во Ново Село.






