Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски денеска ги посети детските градинки „Бончејца“ и „Гоце Делчев“, за да им ги честита новогодишните празници на дечињата и на персоналот, но и да добие целосна информација за условите во кои се згрижуваат најмладите граѓани на Прилеп.
Во Новата година, Јованоски најави реализација на проекти со кои ќе се подобрат условите и ќе се прошират капацитетите на детските градинки.
„Им ги честитам новогодишните празници на децата и на вработените во градинките и се надевам дека во иднина нашата соработка ќе продолжи и ќе реализираме проекти за подобрување на условите во градинките, но и за проширување на капацитетите, рече Јованоски.
Според директорката, Благица Филипоска околу 1.100 деца се згрижуваат во петте градинки во Прилеп.
„Како воспитно-образовна институција ќе се вложиме за што поквалитетни системи на социјализација. Од прилепската локална самоуправа и од Министерството за труд и социјалана политика ја добиваме целата поддршка во подобрување на квалитетот во нашите градинки, за зајакнувањето на капацитетите и за изградбата на нови градинки по најсовремени стандарди, рече Филипоска.
Прилепскиот градоначалник на децата, заедно со Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња и ги покани сите на заеднички пречек на Новата година на градскиот плоштад.






