Азербејџански војник загина вчеравечер на границата со Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.
Во соопштението се наведува дека во текот на „уште една провокација на ерменските сили“ во текот на ноќта на 8 декември загина војникот Асиф Алиев.
Патем, се додава дека инцидентот се случил во Кељбаџарскиот реон на границата меѓу двете земји.
Состојбата на ерменско-азербејџанската граница се влоши во ноември, а двете страни пријавуваат вооружени инциденти.
Ерменија на 16 ноември побара помош од Русија, откако соопшти дека 15 нејзини војници загинаа во судири на границата.
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, истиот ден после телефонскиот разговор со колегите од Ерменија и Азербејџан соопшти дека тие две земји превземале мерки за стабилизација на состојбата на границата, но од тогаш се случија уште неколку инциденти.
(Фото: ЕПА)







