Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » НОВ „ТРЕНД“: „Играта со опивање“ полуде речиси половина милион Британци
Игри

НОВ „ТРЕНД“: „Играта со опивање“ полуде речиси половина милион Британци

јануари 30, 2024Updated:јануари 30, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На почетокот на декември, Марк Хамлет ги почести таткото и мајката на неговата сопруга со излегување во локалниот паб во северна Англија. За да го забележи моментот, тој на Фејсбук сподели фотографија од постарата двојка, велејќи на шега дека мора да ги „легне во кревет“.

„Не барам ништо лудо“, напиша тој.

Речиси во истиот момент, љубезни странци од цела Британија почнале да испраќаат вино, пиво и сокови на нивната маса во пабот „Џорџ Ин во близина на Стоук-он-Трент.

Дарежливоста станала толку голема што Хамлет морал да го дели вишокот пијалок низ пабот.

Хамлет стана учесник во играта со пиење која ја полуде Велика Британија и се истакнува како еден од најдопадливите светски национални трендови во последно време.

Оваа уникатна игра вклучува странци кои си купуваат пијалоци едни на други од добра волја и се надеваат дека ќе добијат бесплатен пијалок кога самите ќе го посетат пабот.

Феноменот беше овозможен со необична карактеристика во апликацијата на ЈД Ветерспун (JD Wetherspoon), најголемиот ланец на пабови на островот, колоквијално познат како „Спунс“ (Spoons).

Апликацијата им овозможува на корисниците рачно да ја внесат својата локација, а потоа преку Интернет и да нарачуваат пијалоци за која било маса во кој било „Спунс паб“ низ Британија.

Еве како функционира играта: Поединци кои бараат бесплатен пијалок испраќаат фотографии од нивните лица, заедно со името на пабот, бројот на масата и молбата/барањето за пијалок, на страницата на Фејсбук наречена „Wetherspoons The Game!“.

Тим од 22 модератори (волонтери) внимателно ги проверуваат објавите на играчите, избирајќи неколку десетици добитници секоја вечер. Потоа се објавуваат слики на победниците, што често резултира со „рунда“ бесплатни пијалоци. Модераторите честопати мораат да интервенираат за да ги запрат објавите кога ќе се порачаат многу пијалоци.

Крис Илман, 42-годишниот креатор на играта, првично ја дизајнираше како активност за подигнување на расположението меѓу пријателите, пред шест години.

Како што играта се ширеше и се здоби со популарност, Илман сега има две групи на Фејсбук, една јавна и една приватна, со повеќе од половина милион членови.

Играта, според зборовите на Илман, на „Ветерспун“ му овозможила заработка од околу еден милион фунти.

Тим Мартин, основачот на ланецот пабови, кој наскоро треба да биде прогласен за витез за „услуги во угостителството и културата“, одби да го коментира овој, според многумина, исклучителен феномен.

Во 2018 година ланецот пабови се повлече од социјалните мрежи, делумно поради тоа што Мартин се загрижи дека луѓето поминуваат премногу време на Фејсбук.

Традицијата на купување пијалоци за друштво во пабот е длабоко вкоренета во британската култура, што овозможува напредок на играта и нејзино позитивно влијание.

Фејсбук страницата е полна со објави од поединци кои бараат пијалоци од различни причини. Едни споделуваат лични тешкотии, а други слават животни настани.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Паб „Ветерспун“/ Манчестер)

актуелно апликација британија игра пијалок
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.