Членови на граѓанското здружение „Но пасаран“ денес ги обвинија луѓето од Регулаторната комисија за енергетика дека и тие, како оние од Државната изборна комисија, си делеле бонуси и дека имале исклучително добри финансиски привилегии.
„Треба да се испита како може да имаат плати од по неколку илјади евра. Исто така, неминовно треба да се провери како и кому му се исплаќале бонуси, му се давале награди и како и зошто тие се договарале меѓу себе кој да оди на скапи службени патувања, со скапи авионски летови. Згора на се, поседувале и службени картички со огромни суми“, истакна на денешниот протест на граѓани исклучени од системот за парно греење предводникот на „Но пасаран“, Марјан Ненов.







