Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Обвинелството е против повторното изведување докази за „Тортура“
Судски процеси

Обвинелството е против повторното изведување докази за „Тортура“

јули 8, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Јавното обвинителство смета дека сите битни факти се целосно утврдени и фактичката состојба е целосно јасна и концизна, поради што не предлага повторно изведување на докази, изјави обвинителот Љубомир Лапе на преотворената постапка на судењето за предметот „Тортура”.

Случајот за апсењето на Љубе Бошкоски, е вратен во фаза на дополнение на доказна постапка, откако судијката Александра Ристовска, која го води судењето за предметот „Тортура” на 17 јуни, не ја објави најавената пресудата за овој случај со образложение дека на судот не му било јасно кои дејствија ги презеле обвинетите и закажа ново рочиште.

Обвинителот Лапе, на денешното рочиште, рече дека околностите кои судот смета дека треба да се дообјаснат, за тоа кој од обвинетите кое дејствие го преземал, веќе се веќе јасни и утврдени.

„Сметам дека обвинетите се поединечно наведени и дека сите употребиле прекумерна физичка сила и го легнале пред камера, знаејќи дека се снима и со тоа заедно го сториле делото, изјави Лапе.

Во поглед на околноста, кој обвинет и кое дејствие со колкав интензитет го презел, обвинителот Лапе, рече дека тоа јасно се гледа од видео снимката, како и од исказот од тројца сведоци.

„Во поглед на интензитет на дејствијата сметам дека тоа е емпириски немерлива категорија, туку се гледа дали оставиле трага или страдање врз жртвата, нагласи Лапе.

За одредување на интензитетот на жртвено страдање, според меѓународните конвенции, тој посочи дека значајни се траењето, физичките и духовни ефекти, полот и возраста на жртвата, здравствената состојба, начинот на извршувљње и употребените методи.

„Делото е сторено секако. Прашањето е само за одредување на видот и висината на казната. Со ова се дава одговор и на околноста за видот и употребената сила и закана, изјави Лапе.

Постојат, рече Лапе, разни техники на нехуман третман, што во себе опфаќаат минимум физичка сила, а ефектот врз жртвата се постигнува, како што е чувство на страв, несигурност, пониженост и инфериорност.

„Вештачењето на институтот за судска медицина и вешти лица од областа на псохијатрија, поткрепени со искази на затворскиот доктор и психијатар, како и исказот на жртвата Љубе Бошковски се повеќе од доволни дека ваквиот начин на апсење со малтретирање, застрашување и понижување пред камера кај оштетениот предизвикале душевно страдање од висок степен, еднакво на смрт на близок член на семејство, изјави Лапе.

Случајот „Тортура”, во врска со приведувањето на Љубе Бошковски, на 4 јуни 2011 година, беше отворен од поранешното СЈО.

Првообвинет во овој случај е екс-директорот на УБК Сашо Мијалков и шест припадници на единицата ,,Алфи”.

актуелно обвинителство судење тортура
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.