Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ОБВИНЕНИЕ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА: Во Хаг почнува судењето против Хашим Тачи
Балкан

ОБВИНЕНИЕ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА: Во Хаг почнува судењето против Хашим Тачи

април 3, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поранешниот герилец и косовски претседател, Хашим Тачи, херој меѓу своите сонародници за водењето на бунтот против српската власт во 1998-99 година, што на крајот доведе до независност на Косово, денеска ќе се појави пред меѓународниот суд во Хаг со обвинение за извршени воени злосторства.

Специјалниот суд го обвини Тачи во ноември 2020 година за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура, присилно исчезнување и други злосторства извршени за време на борбата за независност.

Педесет и четиригодишниот поранешен претседател и некогашен лидер на Ослободителната војска на Косово (ОВК) поднесе оставка од функцијата шеф на државата веднаш по подигнувањето на обвинението и се пријави во хашкиот суд.

Тројца од неговите најблиски соработници, вклучително и двајца поранешни претседатели на парламентот, се соочуваат со истото обвинение, како поранешните герилци на ОВК.

Покрај Тачи, во истото обвинение се вклучени и Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

Судењето ќе почне со воведните зборови на обвинителството, после што во следните три дена ќе зборуваат адвокатите на одбраната и претставник на Советот на жртвите од војната на Косово.

Заеднички злосторнички потфат

Сите четворица се обвинети за „заеднички злосторнички потфат во рамки на кој беа извршени масовни, системски напади“ на српските цивили на Косово и косовските Албанци кои беа политички противници на ОВК.

Повеќе илјади луѓе протестираа вчера во Приштина во знак на поддршка на поранешниот претседател и тројцата сообвинети. За нив обвинетите се херои.

Демонстрантите дојдоа од сите делови на Косово во Приштина и носеа транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше: „Правда, а не политика“ или „Нашата историја не може повторно да се пишува“.

„Со нив сме засекогаш“, рече Мемли Красниќи, лидерот на Демократската партија на Косово.

„Воопшто не се сомневаме дека тие ќе се вратат победници, на ист начин како што се вратија како ослободители, затоа што се живи херои“, додаде тој.

Во пресрет на почетокот на судењето низ цело Косово се појавија плакати со фотографии од Тачи и поранешниот претседател на парламентот Весели, на кои пишува „Херои на војната и мирот“.

Но, од друга страна има и такви кои се надеваат дека судењето е последна шанса да дознаат што се случило со нивните најблиски.

Специјалниот суд за Косово е формиран во 2015 година и исклучиво се занимава со случаи против поранешни герилци на ОВК. Седиштето му е во Хаг, а судиите и обвинителите се меѓународни.

Голем број косовски Албанци сметаат дека судот во Хаг е пристрасен.

актуелно Косово ОВК приштина Хаг Хашим Тачи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.