Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Обвинителствата преоптоварени, обвинители нема доволно
Судски процеси

Обвинителствата преоптоварени, обвинители нема доволно

октомври 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Основните и Вишите јавни обвинителства во државата функционират со намален број на јавни обвинители.

Советот на јавни обвинители во неговиот Стратешки план 2020-2023 објавен неодамна, вели дека во 2019 година, јавнообвинителската функција требало да ја обавуваат вкупно 257 јавни обвинители, а пополнети биле 200 јавнообвинителски места, или 57 јавни обвинители помалку.

Согласно зголемената на надлежност на Јавните обвинителства по донесувањето на Законот за кривична постапка (кој се применува од 1 декември 2012), во Стратешкиот план на СЈО, се вели дека вкупниот број на обвинители не е доволен, и обвинителствата веќе со години се соочуваат со преголема оптовареност.

„Покрај очекувањата за зголемен број на обвинители, напротив бројот на обвинителите е намален најчесто поради природниот одлив, односно исполнување на законските услови за пензионирање, како и поради недоволен број на кадри за јавни обвинители кои ја завршиле Академијата за судии и јавни обвинители“, велат од Советот на јавни обвинители на РСМ.

Со споредба на работата и бројот на јавните обвинители пред донесувањето и примената на новиот ЗКП, може да се согледа дека со зголемен обем на работа јавните обвинителства функционираат со намален број на јавни обвинители.

Така во 2012 година во Основните јавни обвинителства се постапувало за вкупно 43.216 сторители на кривични дела, во 2013 година за вкупно 43.335 сторители на кривични дела, додека во 2019 година јавните обвинители постапувале по пријави
за вкупно 45.073 сторители на кривични дела.

Во Вишите јавни обвинителства, пак, во 2013 година, се постапувало по предмети за
31.372 сторители на кривични дела, а во 2019 година за 34.327 сторители на кривични дела.

„Бројот на јавни обвинители кои исполнуваат услови за остварување на пензија во 2020-2023, согласно законот е вкупно 37. Треба да се има предвид дека согласно Законот за работни односи, овие јавни обвинители можат да го продолжат работниот однос максимум уште за три години, што претставува околност која ќе го забави природниот одлив и делумно може да ги ублажи последиците од недостатокот на
јавнообвинителските кадри“, појаснуват од Советот на јавни обвинители.

Времетраењето на обуките во Академијата за судии и јавни обвинители да се намали

Анализите на Советот на јавни обвинители покажуваат дека кандидатите за јавни обвинители кои во наредниот период ќе ја завршат Академијата за судии и јавни обвинители нема во целост да го компензират природниот одлив на јавнообвинителски кадар.

„Приливот на нови кадри нема да го ублажи ниту ќе го реши недостигот од јавнообвинителски кадар. Од тие причини потребно е да се направат законски измени, кои ќе овозможат времетраењето на обуката да се намали, а употребата на правни средства да не го пролонгира почетокот на обуката. Исто така, приемот на кандидати за јавни обвинители, имајќи ја предвид месната надлежност на основните јавни обвинителства каде што има недостаток на јавни обвинители и подготвеноста на кандидатите јавнообвинителската функција, да ја вршат во тие јавни обвинителства“, велат од СЈО во Стратешкиот план за 2020-2023.

Законските измени според нив можат да се извршат и на начин што ќе се врши прием во АСЈО на РСМ, секоја година во поголем број на кандидати или да отпадне практичниот дел на обука со што ќе се овозможи поголем број на кандидати да ја завршат Академијата.

„Ваквиот начин на обука и прием да биде до обезбедувањето доволно кадри за нормално функционирање на јавните обвинителства според искажаните потреби по годишните планови на Советот на јавните обвинители на РСМ“, посочуват од Советот.

Во Стратешкиот план на Советот на јавни обвинители се истакнува дека собраните податоци покажуваат дека Основните јавни обвинителства Делчево и Свети Николе ќе останат без ниту еден јавен обвинител, Основните јавни обвинителства Радовиш, Ресен, Дебар и Беровои Гевгелија ќе имаат само по еден јавен обвинител, а Основното јавно обвинителство Крива Паланка веќе подолго време е без јавен обвинител.

Најголем број од Основните јавни обвинителства, како и Вишите јавни обвинителства и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе имаат значителен недостиг од јавнообвинителски кадар.

„Ваквата состојбата е особено загрижувачка, бидејќи ќе го загрози функционирањето на јавното обвинителство во целина, тоа ќе се рефлектира на ефикасноста на кривичното гонење, на ефикасноста на целокупниот правосуден систем, а со тоа ќе биде загрозена и заштитата на слободата и правата на граѓаните. Приемот во Академијата да се врши за конкретни Основни обвинителства со наведување колку
кандидати, за кое Основно јавно обвинителство се потребни, па согласно тоа приемот на кандидатите да се врши со точно назначување кој кандидат за кое обвинителство се обучува“, сметат од Советот на јавни обвинители.

Воедно од таму додават дека за ажурно и законито функционирање согласно одредбите од Законот за кривична постапка, потребно е бројот на јавните обвинители да се зголеми, како и да се изменат и отстранат законските решенија кои ја отежнуваат продукцијата на јавнообвинителски кадар во Академијата за судии јавни обвинители.

Меѓу другото, во Стратешкиот план на СЈО има потадоци и за нивнта работа во текот на 2019 година каде се вели дека е постапено по вкупно 171 претставка, што во однос на 2018 година кога биле евидентирани 201 претставки е намалување на обемот на работа за 30 претставки или за 15 отсто.

Во текот на 2019 година од редот на кандидатите со завршена Академија за судии и јавни обвинители беа избрани 15 јавни обвинители.

Додека во текот на 2020 година од редот на кандидатите со завршена Академија за судии и јавни обвинители се избрани тројца јавни обвинители.

 

 

 

Омер Џафери

ИЗВОР:МИА

актуелно обвинители Обвинителства
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.