Денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот, особено во западните делови, врнежите наместа ќе бидат пообилни.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Температурите ќе се движат од -1 до 8 степени Целзиусови.
Во Скопје и околината ќе биде облачно и студено. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде 1 степен, а максималната ќе се искачи до 4 степени Целзиусови.







