Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Овдека повеќе нема збунети, сите полека полудуваат!
Коментар

Овдека повеќе нема збунети, сите полека полудуваат!

ноември 30, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Доколку имате време, а и желба, да се занимавате со состојбата на духот на нацијата, најновата студија што ви стои на располагање се вчера објавените резултати од истражувањето на јавното мислење во Македонија од страна на Институтот за демократија Социетас Цивилис од Скопје. Институтот е угледен, анкетата е методолошки издржана, спроведена во јуни годинава, а резултатите се… па, за на колективна бајачка!

Да ви ја скратам маката (иако ве охрабрувам да ги прочитате тие нецели триесетина страници во целост), истражувањето низ четириесетина внимателно формулирани прашања се обидува да ја измери распространетоста и прифатеноста на политичките популистички тенденции меѓу граѓаните на Македонија како функционален политички супститут наспроти, евентуалните, идеолошки партиски понуди во државата. А и на здравиот разум, воопшто.

Заклучоците се очекувани, во двотретински наспроти еднотретински соодноси: политичарите се расипани, „народот“ е морално супериорен во однос на елитите кои се корумпирани и криминални; довербата кон демократските институции е на рекордно ниско ниво; „народот“ преферира „цврста рака“ („униформираните“ институции, како црквата и армијата, се далеку попопуларни од цивилните институции на демократијата)… Спасот е во популистичките водачи кои би понудиле брзи решенија, сега и веднаш, по можност со компоненти на одмазда. И, да, етничките Македонци се (пристојно речено) најконзервативниот дел од „народот“, со најмногу изгубени нерви и трпение по сите битни демократски основи.

Ова се трендови кои, за оние кои се занимаваат со нивно подолгорочно научно следење, не се многу изненадувачки, бидејќи со децении се релативно стабилни во својата растечка линија на ваков развој.

Но, забавниот дел од ова истражување (ако не сте склони кон депресии) е анализата на „отпорноста“ на „народот“ кон конспирациите. Внимавајте, од испитаниците, 72% целосно или делумно се согласуваат дека светот го водат неколку моќни семејства; 64% мислат дека пандемијата е лабораториски создадена за контрола врз луѓето; 46% веруваат дека климата се контролира со сателити и радари; 45% се уверени дека Министерството за здравство, заради пари (?!), запишува повеќе умрени од ковид-19; 46% се согласни дека вируси се прскаат со авиони; климатските промени се измислица за речиси 30%; а дека медиумите претежно шират лаги веруваат 57%…

Ууууу, овде бројот на збунети рапидно се намалува, сите полека, но сигурно, полудуваат!

Но, ако мислите дека објаснувањето е во некогашното „прост народ, силна држава“ – и во тоа се лажете. Цитирам: „Високото образование е фактор којшто влијае врз подложноста кон теориите на заговор. Така, постои забележлива разлика кај ставовите околу пандемијата, каде што 65% од високообразованите сметаат дека таа е креирана за контрола на луѓето, наспроти 74% од оние со средно образование. 43% од оние со високо образование сметаат дека климата се контролира со радари и сателити, наспроти 58% од оние со средно и 62% – со основно. Слично е и со теоријата за фалсификување на бројот на мртви од КОВИД-19, каде што 43% високообразовани сметаат дека Министерството потплатувало, додека истото мислење е присутно кај 53% од оние со средно и кај 61% од оние со основно образование.

…

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

овде сите полудуваат ордански
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Даниловски: Случајот во Гостивар не смее да се сведе само на вина на поединци

јули 21, 2026

Пановски: Да се знаат резултатите за водата во Гостивар и да се молчи е кривично дело

јули 21, 2026

Хамнеи, мртов е поопасен!

март 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.