Дознајте што предвидува вашиот дневен хороскоп за четврток, 12 јануари, што ве очекува на работа, во љубовта, дали ќе се разбирате со семејството, како ќе ве служи здравјето.
Овен
Под голем притисок сте, а тоа е во потполна спротивност со вашиот темперамент. На саканата личност и треба поддршка и нема доволно разбирање за вашата несериозност. Денеска не зборувајте премногу, секоја тема е ризик за отворен судир.
Бик
Заситени сте од претерано чекање и одмор. Време е да се вклучите и да ја потрошите енергијата која прилично се акумулираше во вас во изминатиот период. Прераспределете ги вашите капацитети и преземете акција, за некои задачи ова е вистинскиот момент.
Близнаци
Во вас сериозно расте тензија, затоа што се соочувате со големи предизвици кои треба да ги решите. Одлично функционирате под притисок, но кога работите ќе ги доведете до крај, ви следи забележителен пад на енергијата, што може да остави трага на вашето здравје.
Рак
Помал паричен прилив не е доволен за покривање на сите трошоци. Се потпирате на партнерот, наместо да ги засукате ракавите и сами да најдете излез. Дајте им шанса на вашите пријатели, еден од нив може да ви предложи одлично решение кое вие самите не го гледате.
Лав
Уморни сте од темпото што ве притиска. Ова е период од годината кога ви е неопходен одмор. Денот поминат со семејството и опуштената атмосфера е она што би ве развеселило и би ви дало сила. Мислите дека е невозможно, но заборавате и дека немањето на избори е избор.
Девица
Сè што правите, се враќате да го поправите. Предизвикувачките аспекти укажуваат на тоа дека ве очекува стрес, особено ако очекувате брзи резултати во сè што правите. Реакцијата на околината на вашиот труд е неадекватна, не очекувајте оценка бидејќи ќе биде неповолна.
Вага
Се борите помеѓу тоа да бидете достапни за секого и потребата да реагирате искрено, поттикнати од вашето мислење што со задоволство би им го дале на другите. Резултатот од сето ова може да биде губење на енергија и пад на имунитетот, па дури и акутна болест.
Шкорпија
Време е максимално да се посветите на обврските и да ги решавате со ред, една по една. Финансиската состојба значително се подобрува, па затоа е вистинско време, пред да тргнете во купување, да ги расчистите долговите и неплатените сметки.
Стрелец
Во атмосфера на општ хаос, вашата рационалност е на ниво, прецизно правите разлика помеѓу важното и неважното, но другите луѓе не можат да го следат тоа. Тоа ве полудува. Ако не најдете начин да го ослободите вишокот напнатост, таа ќе излезе на несакан начин.
Јарец
Од утрото не можете да фатите ритам со обврските. Ништо не завршувате според планот. Не се расправајте со колегите, смирете ја напнатоста, непотребно се нервирате поради ситници. Заради предизвикувачки транзити станавте пречувствителни. Пазете се од вируси.
Водолија
Нетактички сте и не можете да воспоставите комуникација како на работа така ни во љубовта. Ако ги одложите договорите и напорните активности, ќе избегнете да се нервирате. Без разлика на тоа колку сте посветени и одговорни, време е да се одморите.
Риби
Времето поминато во друштво со блиски луѓе, како и неформалните разговори со нив, ќе ви ги наполнат батериите за подолг период. Доброто расположение може да се разниша доколку до вас пристигне вест која, во овој момент, не ја очекувате.







