Ноќта меѓу петокот и саботата, непознати сторители насилно влегле во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово и одземале картонски кутии во кои имало пари.
Како што соопштува МВР, на 12 и 13 јануари во време од 16.00 до 07.00 часот во Тетово во соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ лоциран на ул.„Гоце Делчев“, непознати сторители скршиле дел од дрвената влезна врата од црквата, влегле внатре и со употреба на тврд погоден предмет отвориле две дрвени каси, од кои одземале картонски кутии во кои имало пари.
Причинета е материјална штета од околу 12.000 денари, СВР-Тетово превзема мерки за целосно расчистување на настанот.







