Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Одбележан големиот државен празник 11 Октомври, Денот на Народното востание во Прилеп
Во Фокусот

Одбележан големиот државен празник 11 Октомври, Денот на Народното востание во Прилеп

октомври 11, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од градоначалниците на општините Прилеп и Куманово, Илија Јовановски и Максим Димтриевски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, пратеници во Собранието на Република Македонија заедно со граѓаните на Прилеп на заедничка прослава организирана од градовите Прилеп и Куманово го одбележаа големиот државен празник 11 Октомври, Денот на народното востание.

Во рамки на прославата се одржа виртуелна графичка презентација на востаничката епопеја на градот Прилеп, и импровизиран напад на три локации во градот Прилеп.

„Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата на Република Македонија, е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато. Но, патриотизмот не завршува тука. Нашиот патриотизам, идните генерации ќе го почитуваат само ако им дадеме повеќе причини за тоа. Патриотизам е да ја осигураме иднината на нашата земја и нашите деца. Tука да создадеме можности за нашите синови и ќерки – во Македонија. Тоа e патриотизам. И затоа и денеска можеме да кажеме дека сме повторно пред историски избор. Оваа генерација треба одлучно и храбро, и да го направи исчекорот за остварување на нашата стратешка цел во оваа фаза од нашата историја: Егзистенција за секого. Европски животен стандард. Осигурани граници. Безбедност. Стабилност. Признаен идентитет. Сето ова преку членството во НАТО, а потоа и членството во Европската Унија, истакна премиерот Заев во своето обраќање.

Пред присутните граѓани се обратија и градоначалниците на општините Прилеп и Куманово, Илија Јовановски и Максим Димитриевски кои ја пренесоа пораката дека за прв пат се случува ваков тип на заедничко прославување и дека треба да продолжиме и во иднина во европски дух да го славиме овој голем државен празник.

„11-ти Октомври е денот кога нашите храбри борци од Прилеп и Куманово го означија почетокот на НОБ во Македонија. Во Прилеп токму во оваа зграда, Участакот, полициска станица во тоа време во која нашите борци оттука ја испукаа првата пушка. Втората група во Затворот во Прилеп, а третата група ги пресече телефонските жици во тој дел од градот“, потсети градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јовановски кој додаде дека треба да продолжиме по стапките на борците од НОБ да ја изградиме Република Македонија како независна и просперитетна држава интегрирана во ЕУ и НАТО.

Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски го честиташе големиот празник 11 Октомври, Денот на Народното Востание за независна Република Македонија и порача дека прилепчани и кумановчани се вградени во современата историја на Република Македонија.

„Благодарејќи на тие генерации денеска живееме на ова парче земја коешто сите ние ја сакаме и веруваме во нејзината иднина. И затоа тие не обврзуваат таму кадешто тие застанаа да продолжиме сите ние заедно. Да го продолжиме процесот на европеизација на Македонија, земја вредна за достоинствен живот на сите граѓани.“ рече градоначалникот Димитриевски.

По завршувањето на официјалниот дел од настанот, премиерот Заев и градоначалниците Јовановски и Димитриевски ја посетија зградата Участакот во којашто пукнала првата пушка која го означила почетокот на Народно ослободителната борба на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија од фашистичката окупација.

11 октомври актуелно празник Прилеп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.